Бракот е логична последица на љубовта. Меѓутоа, понекогаш се случува набрзо по самиот чин на судбинското "ДА", да завладее вистинско затишје во спалната...
... соба. Зошто бракот станува убиец на страста? Сексологот Др. Ulrike Brandenburg, смета дека интимноста и блискоста која станува се посилна по стапувањето во брачните води, може да ја намали сексуалната привлечност помеѓу партнерите. Една студија на компанијата "Durex" покажала дека кај 55% од брачните парови, постои незадоволство во сексуалниот живот. Најчестиот одговор бил: премногу ретко, и многу досадно! "Сосема е нормално во бракот да се намалува некогашната страст. На бракот најчесто се гледа како на засолниште и дом, а не место за страствен и жежок секс." - смета терапевтот Michael Mary. Некои експерти сметаат дека и бавното исчезнување на страста помеѓу партнерите во бракот, е сосема нормално, бидејќи после околу три години од бракот, во нajголем број случаи сексот станува вистинска реткост. Според докторката Esther Perel, паровите кои често се "во кавга" и кои не водат хармоничен начин на живот, имаат добар сексуален живот. "Не морате да се сложувате со некого, за да доживеете неверојатно сексуално искуство. На многумина им се случило да сретнат некого во дискотека и да завршат со него во кревет, без воопшто да го познаваат. Таквите сексуални искуства често се незаборавни и страствени, а најчесто и краткорочни." Perel нагласува дека страста и сексуалната привлечност помеѓу партнерите, ќе биде се помала, доколку брачната хармонија е поголема. |