Снимањето на долго очекуваниот филм "Sex & the City", кој е режиран според популарната TV серија, е завршено на крајот на минатиот месец. Со цел публиката да...
... ја држат во целосна неизвесност, продуцентите ја промовираа само најавната шпица за филмот кој ќе ја има официјалната промоција во мај 2008, a се останато се држи во најголема тајност.
Продуцентите снимија и неколку различни завршетоци на филмот, со цел гледачите да неможат ни да претпоставуваат што ќе се случува во самиот филм.
Главниот лик - Sarah Jessica Parker (Carrie), која во шпицата може да ја видиме во венчаница, исто така не откри детали во однос на заплетот на филмот.
Таа само кратко изјави "Не можам да ви ја откријам тајната, само ќе ви најавам дека се работи за две свадби, а погреб нема да има.".
Според реакциите на публиката, продуцентите веруваат дека филмот ќе биде голем хит, и уште сега го планираат неговото продолжение.
Следи, официјалниот трејлер на филмот "Sex & the City".