Ако забавата или вечерата премине во журка на која едната чаша вино станува алкохолна мешавина на различни пијалоци, наредниот ден ќе имате страшна...
... главоболка, мачнина, сува уста или мамурлак.... За да не ги поминете престојните празници во опоравување од мамурлак, пробајте некои од тактиките кои докажано дејствуваат против најомразениот непријател на празничното расположение. Поништете го вечерниот со утринскиот алкохол За привремено да се ослободите од мамурлакот, слободно може да испиете алкохолен пијалак утрото после лудата забава. Меѓутоа, дејството ќе биде краткотрајно и само по час или два, повторно ќе се чувствувате исто, со мачнина, болки во желудникот и нозете. Избегнување Најдобар начин против мамурлак е неговото избегнување. Доколку сепак сте решиле да се "алкохолизирате", потрудете се да не пиете на празен желудник. Јогуртот во желудникот создава заштитна облога и го ублажува ефектот врз јетрата. Но, не практикувајте јогуртот да го испиете непосредно пред консумирањето на алкохолот, бидејќи би можело да имате тегоби. Кофеин За да го раздвижите и умот и телото, прво што треба да направите е да се напиете една шоља кафе. Исто така од помош би биле и гуарана и пијалоци од тропски билки богати со кофеин, а заедно со сето ова мора да пиете и големо количество вода. На почетокот на славењето Кога веќе сте тргнале да конзумирате алкохол, секогаш во предвид имајте го својот капацитет. Исто така морате да внимавате на комбинацијата на алкохолот со безалкохолните пијалоци, бидејќи коктели како рум и Coca Colа може одма да ве удрат во глава. Особено важно е да пиете споро и умерено. Мени за ден без мамурлак Доручек - фрапе кое ќе го подигне нивото на шеќер во крвта. Интегрален тост и банана, ќе го стабилизира шеќерот и позитивно ќе влијае на работата на желудникот. Меѓуоброк - чаша исцеден сок од портокал, е вистинска бомба со витаминот С. Ручек - лесна супа и пробиотички јогурт, ќе ги намалат тегобите во желудникот. Вечера - изберете лесен оброк како салата со пилешко месо или овошје. Витамини Витамините В и С му помагаат на организмот да се бори против големото количество алкохол. Витаминот В се користи за апсорпција на алкохолот, додека С витаминот треба да го надокнадите со најмалку 2 шумливи таблети, за да ја доведе јетрата во нормална функција. Вода, вода, вода... Доколку вашиот мозок не е под толкаво влијание на алкохолот, тогаш обидете се да не заборавите пред легнување да се напиете барем една чаша вода. Следниот ден во мали количини пијте вода се додека не внесете 2 литри. Немојте да ја пиете водата наеднаш, бидејќи нема да постигнете добар ефект. |