Внимателно со зборовите... Печати Е-меил
[13-12-2007 | 00:23 часот]
 За да ја надополните предиграта и да ја направите атмосферата поопуштена, покрај вистинските допири и стимулации на телото, потребни се и...

... вистинските зборови. Со цел на својата партнерка да и ја покажете желбата да бидете со неа, и да направите да се чувствува посакувано - треба да ги одберете вистинските зборови!

Во ред е ако сакаш да почекаме

Доколку на вашата партнерка пред првиот сексуален однос и кажете дека е во ред ако почекате, и дека имате доволно време да бидете интимни, тогаш навистина тоа треба и да го мислите.

Ако сте сериозни со оваа констатација, девојката ќе се чувствува сигурно и нема да чувствува притисок да има секс со вас само затоа што вие така сакате.

Покажете и дека поважна ви е таа, отколку да мисли дека сексот ви е на прво место.

Фокусирајте се на детали

Комплиментите никогаш не се погрешни, но немојте да и зборувате само дека е убава, нежна и привлечна.

За таквите комплименти таа ќе помисли дека сте ги изговориле уште безброј пати на многу други жени со кои сте биле интимни. Фокусирајте се на нејзиното тело.

Кажете и дека ви се допаѓа нешто што е својствено за неа, нешто посебно што го нема секоја друга жена.

Ти

"ТИ" е најдоброто нешто што можете да и го речете на жената пред и за време на сексот.

"Ти правиш да се чувствувам толку убаво" -  е многу подобро од "ова е толку убаво".

Жената од таквата конверзација ќе сфати дека сакате да бидете само со неа, а не со било која друга.

Сакам да направам се, за да се чувствуваш убаво

Сакате да и причините неповторливо задоволство, сакате таа да доживее оргазам, а притоа да не ве "жали" колку се трудите?!

Тогаш фокусирајте се на тоа да ја задоволите на секој можен начин, без вршење на притисок врз себе и на желбата - таа да дојде до оргазам.

Направете да се чувствува прекрасно - без да поставувате премногу прашања.

Ме воодушевуваш!

Кога за прв пат пред вас ќе застане гола, погледнете го нејзиното тело, а потоа вратете го погледот на нејзините очи и речете и дека ве воодушевува, но дадете и до знаење дека не се работи само за нејзините гради и нозе, туку за нејзината комплетна личност.

Наместо после сексот да и речете "сексот со тебе беше одличен", кажете и дека ве воодушевила... со се!