Сексуалниот живот е еден од најважните сегменти од нашиот живот, и затоа е сосема логично константно да се обидуваме да го интензивираме сексот...
... и да ги подобруваме односите со партнерот. Промената во сексуален живот лежи во самите нас, па така само ние можеме да го подобриме или негаивно да влијаеме на сексуалните односи. Споредба со другите Ваквиот став е кобен, за секој сегмент од животот, а посебно кога се работи за сексуалниот живот. Заборавете ги бившите девојки и дечковци, заборавете ги книгите и магазините. Престанете да се споредувате со приказните кои сте ги слушнале од вашите познаници и уживајте во вашите сексуални доживувања. Искористете го секој момент да бидете она што сте. Игнорирајте ги несовршеностите Никој нема совршени облини и мускули. Секој од нас има некоја замерка на своето тело. Не дозволувајте незадоволството од физичкиот изглед да се пресели во вашиот сексуален живот. Прифатете ги своите недостатоци и ќе знаете како да ги вклучите во своите сексуални односи, без притоа да се чувствувате непријатно. Слепи следбеници на советите Бројните совети за подобрување на сексуалниот живот, најчесто се тука да ви дадат идеја и поттик, но никако немојте слепо да ги следите. Самите треба да станете стручњак за сопствениот сексуален живот, бидејќи вие сте тие кој знаете што сакате, и она што на вашиот партнер му се допаѓа. Сексот го окупира целото ваше внимание Сексот навистина влијае на нашето психичко и физичко здравје, но сепак сексот не е се во животот. Престанете да ги гледате работите само од аспект на сексот, и постојано да размислувате за него, бидејќи претераното оптеретување нема да направи работите да течат според планот, а вие во секој случај ќе останете разочарани и незадоволни. Дозволувате стравот да ве блокира Ваквиот чекор кој може да го уништи сексалниот живот, најчесто им се случува на оние со недоволно сексуално искуство. Малата самодоверба и несигурноста се разбирливи, но несмеат да бидат доминантни во вашите сексуални односи. |