Луксузно... од Asus Печати Е-меил
[14-12-2007 | 00:32 часот]
 Asus ја промовираше линијата на лаптопи U6. Се работи за два модела, односно белиот U6E и сивиот U6S. Линијата е изработена од исклучително квалитетен...

... материјал, а внатрешноста е обложена со кожа.

Од технички аспект, екранот е со големина од 12,1 инчи, има HDMI приклучоци, LED позадинско осветлување и "8-in-1" читач на мемориски карици.

Во двата модели вградени се 160 GB дискови и 2 GB RAM, и 2.2 GHz Core 2 Duo процесори.

Asus U6 има приклучоци за ExpressCard, четири USB 2.0 порта, Bluetooth 2.0 и 802.11n приемници за безжична мрежа. Исто така се вградени и сигурносни читачи за отисоци од прсти.

Цената на овие модели се движи околу 1500 фунти.