|
Медитеранска кујна за долг живот |
|
|
|
[15-12-2007 | 22:45 часот] |
Оние кои се хранат со медитеранската исхрана, имаат над 20% помалку шанси да заболат од смртоносно заболување, било кардио васкуларно или канцерогено...
И кај мажите и кај жените утврден е подолг животен век, наспроти оние кој консумираат друг тип на исхрана. - Ова е заклучокот на Dr. Panagiota Mitrou од Универзитетот во Cambridge, после обемното испитување на над 380 илјади мажи и жени на возраст од 50 до 71 година. Оваа исхрана богата со риба, овошје и зеленчук, морски плодови и зрнести производи, се покажа како исклучително квалитетна во сите погледи. Најмногу бенефит од оваа исхрана имаат пушачите, кои со медитерански тип на исхрана скоро ги преполовуваат ризиците од смртни заболувања. Пушачите најмногу корист имаат од типичните придобивки од медитеранската исхрана - антиоксидансите, и ефектот на намалување на мастите во организмот. |