|
Иднината е - електронско раскинување |
|
|
|
[16-12-2007 | 17:14 часот] |
Разговор во четири очи за љубовните проблеми е веќе застарен метод. Сега, иднината на решавањето или пак прекин на врските е во интернетот и СМС пораките..
... покажаа анкетите во Британија. "Повеќето луѓе секојдневно испраќаат мејлови и СМС пораки, поради што и не е толку чудно што некои на тој начин и раскинуваат, колку и да е тоа невкусно", вели Роб Барнс, претставник на Сајтот MoneySupermarket, кој го спроведе истражувањето. Дури 15 проценти од 2.194 испитаници, добиле или испратиле порака за раскинување преку СМС или е-маил. Сепак, една четвртина од анкетираните на возраст меѓу 18 и 24 години навеле дека би се определиле за таков "електронски" вид на објаснување, додека некои, се уште практикуваат контакт "лице в лице" за решавање на недоразбирањата или пак прекинување на врската. |