Зошто НЕ секс со бившата љубов? Печати Е-меил
[16-12-2007 | 23:06 часот]
 Сте имале убава љубовна врска подолг период, но од некоја причина работите помеѓу вас почнале да се менуваат, и сте одлучиле да се разделите. Како и...

... после секое разделување, едниот од вас го боли повеќе, а другиот фино се снашол.

Сеќавањето, сочуствувањето или осаменоста можат повторно да ве натераат да се најдете во прегратките или креветот на бившиот/та, но тоа во поголемиот број случаи е лоша идеја.

Генерално, ваквата идеја е неприфатлива бидејќи постојат вистински причини заради кои, вие едниот на другиот сте му станаале бивш/а.

Доколку целосно сте расчистиле со чувствата, сексот со бивш/а може да биде забавен, но може да доведе до дополнителни компликации на целата ситуација.

Затоа пред да се одлучите да скокнете во кревет со екс партнерот, поставете си неколку прашања кои можат да влијаат на вашата одлука:

- Дали сексот со неа/него ќе ми создаде емотивна болка?

- Дали мојот бивш/а го користи сексот за да ме врати покрај себе?

- Дали ќе се вратам на старата монотонија доколку започнам сексуални односи со бившиот/та?

- Дали ќе ги погазам своите принципи ако му/и дозволам повторно да влезе во мојот живот?

- Дали ќе се покајам?

- Дали моите мотиви се само физички, или сеуште имам чувства за него/неа?

Доколку одговорите со "да", на било кое од овие прашања, тогаш сексот со бившиот/та не е баш паметна идеја.

Сетете се на причините поради кои не сте повеќе заедно, и ќе сфатите дека сексот со бившиот/та е последното нешто што го сакате.

Освен тоа, враќањето на старата љубов, макар и да се работи само за физичка привлечност, нема да ви дозволи да започнете ново подглавје во вашиот живот.