Идните татковци треба да се откажат Печати Е-меил
[18-12-2007 | 00:06 часот]
 Сосема е познато дека пушењето кај жените му штети на здравјето на плодот. Новата германска студија укажува на тоа дека одвикнувањето од никотинот е...

... подеднакво важно и за идните татковци. Доколку таткото пуши, многу е возможно детето да има генетски недостатоци.

Не само жените, туку и мажите кои сакаат да имаат деца треба да престанат со пушењето пред зачнувањето на детето, бидејќи поради мутации на гените би можело да дојде до оштетување на плодот, објавија германските научници.

"Мажите со пушењето го зголемуваат ризикот од пренесување на оштетените гени на потомството" изјави професорот Dieter Kohler.

Мажите кои ќе бидат татковци би требало да почекаат да помине подолго време помеѓу престанокот со пушење и зачнувањето на детето.

Што подолго пушеле, толку е поголем бројот на мутациите кај нивните гени.