Не е никаква тајна дека добриот секс може да ве доведе до супер расположение, ниту е тајна дека ако сте нерасположени, лути и депримирани, сексот ќе ве смири и ќе ви...
... го подобри расположението. Меѓутоа... Каде е тајната во сексот без кондом? Да не дојде до забуна, одма да кажеме дека секс без заштита во никој случај не се препорачува доколку менувате партнери или пак имате нов партнер. Меѓутоа доколку сте долго време со партнерот, и знаете дека и двајцата сте здрави и верувате еден на друг, тогаш сексот без кондом е допуштен - и тогаш можете да ги искусите дополнителните поволни ефекти на сексот. Како сексот без заштита може да влијае врз промената на расположението? Одговорот е во хемискиот состав на телесните течности кои мажот во текот на сексуалниот однос и ги пренесува на жената. Течноста од мажот содржи хормони и други состојки кои, кога ќе се најдат во крвотокот на жената, делуваат како антидепресив. Статистиката покажува дека жените кои практикуваат секс без заштита се помалку депресивни од оние кои користат заштита или пак апстинираат. Ете уште една причина која покажува дека долгата и стабилна врска е подобра варијанта... |