Глобално водење љубов! Печати Е-меил
[20-12-2007 | 22:47 часот]
 Организацијата "Global O" на 22-ри декември ги повикува сите луѓе во светот да водат љубов! Целта е да се промени енергетското поле околу земјата, со тоа што ќе се...

... шири огромна позитивна енергија.

"Global O" ги советува сите учесници во проектот, за време на водењето љубов и после оргазмот, своите мисли да ги насочат кон мир во светот.

Проектот, го доби огромниот публицитет, благодарение на интернет кампањата која се спроведува.

"Global O" тврди дека овој метод е комбинација на енергии кои можат да влијаат посилно од колективната медитација или молитва.

Организаторите на проектот веруваат дена си толку голема концентрација на високо позитивна енергија, може да се намали агресијата и насилството во светот.

За повеќе информации посетете го Global O.