За сексот постојат безброј митови зад кои се кријат многу вистини и невистини. Магазинот "Men's Health" ги објави научните објаснувања за некои од најчестите...
... митови врзани за сексот. Обрежаните мажи имаат подобар секс Неточно: Истражувачите кои ја направиле анализата на мажите кои на поголема возраст биле обрежани, тврдат дека нема разлика помеѓу сексуалниот нагон, ерекцијата и еjакулацијата, и воопшто во сексуалното уживање помеѓу обрежаните и необрежаните мажи.
Некои жени можат да доживеат оргазам преку стимулација на брадавиците Точно: Секоја жена различно реагира на стимулациите од партнерот, а истражувањата покажуваат дека горниот дел од брадавиците на некои жени се поосетливи, и на жената може да и се пружи задоволство, па дури и оргазам.
Просечната должина на машкиот полов орган е 20 cm Неточно: Нормалната должина на пенисот во ерекција е помеѓу 13 - и нешто повеќе од 15 сантиметри.
Остригите ги возбудуваат мажите Неточно: Возбудувањето потекнува од присуството на одредена личност со која сакате да бидете, а вашиот мозок и тело ги примаат информациите. Не постои ниту еден научен доказ кој потврдува дека јадењето остриги го зголемува сексуалниот нагон.
Спермата има нискокалорични својства Неточно: Спермата во поголемиот дел е составена од фруктоза и ензими кои во никој случај не се нискокалорични.
За подобар вкус на спермата, избегнувајте кафе и брокули Точно: При конзумирањето на некои производи, како на пример кафето и брокулите, вкусот на спермата може да биде променет, односно да има погорчлив вкус.
Мажите мислат на секс, секоја 7-ма секунда Неточно: Истражувањата покажуваат дека само 23% од мажите доста често мислат на секс. Освен тоа, сосема е невозможно точно да се определи колку често мажите мислат на секс, бидејќи никој прецизно не памти и запишува кога размислува за секс.
Сексот во вода ги убива сперматозоидите Точно/Неточно: Некои од сперматозоидите тешко ќе се снајдат во водената средина и нема да успеат да стигнат до правото одредиште, но сексот во вода, базен или када, не е ефективен начин на контрацепција. Бременоста е многу возможна. |