|
Божиќ - со бездомниците во L.A |
|
|
|
[25-12-2007 | 22:43 часот] |
Robbie Williams, Божиќ го помина хранејќи ги бездомниците во Los Angeles. Пеачот одлучи да волонтира три дена во здружението Union Rescue Mission, служејќи храна и...
... пијалоци. Ова здружение ја има најголемата јавна кујна во САД. "Robbie многу ни помогна, а тоа го прави од срце. Сите оние кои дојдоа се трогнати од неговата добра волја да им помогне на сиромашните" - изјави шефот на здружението, Raymond Terry. Williams одлучил на сите кои ќе земат храна од него да им испее и по една божиќна песна. "Многумина од нас не ни знаат кој е Robbiе, но чувствуваме голема возбуда бидејќи ни кажаа колку е успешен во Европа и светот" - е изјавата на еден бездомник, кој бил послужен лично од Robbie Williams.  |