Toyota стана број еден во светот Печати Е-меил
[25-12-2007 | 22:46 часот]
 Јапонскиот автомобилски магнат "Toyota", официјално стана најголем светски производител на автомобили во светот со произведени 9,36 милиони возила во...

...2007 година. Од компанијата изјавија дека продажбата е 6% повеќе од 2006-та, а за 2008 планираат дополнителни 5% пораст на продадените автомобили.

Со овааа бројка компанијата го надмина со години најголемиот производител на автомобили "General Motors", кој годинава произведе 9,26 милиони автомобили.

Од компанијата велат дека порастот на продажбата се должи пред се на брзо растечките пазари во Кина, Бразил и Русија. Планираната бројка на "Toyota" за идната година е 9,85 милиони возила.