На Чак Норис му пукна филм Печати Е-меил
[26-12-2007 | 23:21 часот]
 Легендата на американскиот акционен филм - Chuck Norris, и неговите "факти" кои со години кружат по интернет, пред месец дена беа собрани и издадени...

... во вид на книга од издавачката куќа "Penguin".

Сепак, на Carlos Ray Norris (што е вистинското име на Чак) "му пукна филм".

Тој во ова издание се најде навреден поради тоа што во некои делови се прикажува како насилен и расист, па се одлучи да ја тужи издавачката компанија.

Чак тврди дека никогаш не дал дозвола за издавачите да го користат неговото име и лик, за оваа книга која е издадена на 29-ти ноември.