|
Vectrix - нов електро супер бајк |
|
|
|
[30-12-2007 | 22:58 часот] |
Американската компанија Vectrix која веќе на големо произведува електрични скутери, изминатиот месец на мото шоуто во Милано го претстави...
... својот нов електро супербајк. Според многумина, моторите кои работат на електричен погон не можат да ги постигнат перформансите на моторите со внатрешно согорување. Меѓутоа, Vectrix со новиот прототип понуди солидни перформанси. Електричниот мотор достигнува максимална брзина од 200 km/h, а доколку се одржува една просечна (градска) брзина од 40 km/h, електричното полнење му овозможува на моторот да помине околу 200 километри. Моторот е погоден за животната средина, поради фактот што не произведува штетни материи за околината. Доколку се потврди интересот за овој електро супер мотор, набрзо ќе го дочекаме и неговото сериско производство. 
|