Експлозија на фантастични звуци имаше прексиноќа на Скопското лизгалиште на концертот на еден од најоригиналните метал-бендови во светот, "Апокалиптика". Долгокоси хеви-метал поклоници уживаа и скокаа на музиката на овој атрактивен фински состав...
...составен од едуцирани класични музичари, некои и членови на Хелсиншката филхармонија. Финците пред десет години направија експеримент - ги поврзаа Шостакович и "Металика". Класиката и хеви-металот одат заедно и тука нема промашување. Журка и скокање до бесвест. Се сеќавате на оваа група од Финска, кои со деби албумот и преработките на песните на "Металика", отсвирени на четири виолончела светски се прославија. Ги споија концертната дворана и рок-клубовите, смокингот и "металскиот" изглед. Присутните на Лизгалиште може да се каже дека беа изненадени, бидејќи присуствуваа на светски концерт кој почна точна навреме, без минутка задоцнување и непотребни турканици. "Апокалиптика" важи за уникатен бенд кој во текот својата дестгодишна кариера успеа да создаде репутација на вистинска концертна атракција. Критичарите нивната музика ја оценуваат како мешавина на Прокофјев и "Пантера". На минатогодишната светска турнеја имаа повеќе од сто концерти како и настапи на сите позначајни светски фестивали. Дел од таа турнеја беше и настапот на минатогодишниот "Егзит", каде имаа најдобар настап на фестивалот, фрлајќи ги во сенка големите ѕвезди. Предгрупа беа македонската метал група "Дедикејтед фор лајф". За пофалба е и нивниот настап. Организацијата беше на "Авалон". Момците од Скопје, заминаа за Романија, потоа нивната турнеја продолжува во Бугарија, Белград, Загреб, Љубљана, Чешка, Бејрут... Најизвезуван производ Со повеќе од 500 концерти во над 60 земји (Мексико, Јапонија, Русија, Јапонија, САД), "Апокалиптика" е дефинитивно најизвезуваниот фински производ. 

Извор: Вест |