15 години од првата СМС порака Печати Е-меил
[02-01-2008 | 22:54 часот]
 Во декември 1992 година, 22 годишниот инжинер Neil Papworth, ја испратил првата SMS порака од својот компјутер на тогашниот директор на Vodafone. Пораката била...

... со содржина - "Merry Christmas".

За комерцијализацијата на SMS сервисот потребни биле неколку години, а првиот светски успех SMS пораките го имаат на Филипините, каде пораките биле бесплатни.

Според податоците од ITU (International Telecommunication Union), на почетокот на новиот милениум на Филипините, бројот на разменети пораки е поголем од вкупниот број на разменети пораки во Европа, САД и Кина.

Денеска, глобално гледано, размената на SMS пораките е бизнис вреден 80 милијарди американски долари.

SMS пораките денеска се користат не само за комуникација помеѓу луѓето, туку стануваат јавен сервис со најразлична примена.