|
Хрватскиот "милионер" се ожени |
|
|
|
[02-01-2008 | 23:11 часот] |
Хрватскиот водител на популарниот Милионер - Тарик Филиповиќ, со својата вереница Лејла Шеховиќ - поранешна мис на Хрватска, си го кажале судбинското ДА на последниот...
... ден од 2007-ма година. Парот, кој деновиве го очекува раѓањето на своето бебе, наводно се венчале во кругот на семејството и најблиските пријатели. Иако според медиумите венчавката требаше да се одржи на пролет, Тарик и Лејла решиле да ја забрзаат работата, па се венчаа во старата 2007-ма. Церемонијата се одржала во луксузен апартман во центарот на Загреб, на која присуствувале само родителите на Тарик и Лејла и неколку блиски пријатели. Големата тајност била приоритет на парот. Тие сакале по секоја цена, венчавката да ја скријат подалеку од очите на јавноста. |