Најчесто, во една врска партнерите мислат дека доволно се познаваат, или барем се трудат подобро да се спознаат меѓусебе. Но, дури и "најблиските" парови...
... можат да oдат во погрешна насока, односно незнаејќи, да имаат лоша комуникација. Пречките во комуникацијата се толку суптилни што често не доведуваат до конфликт во првиот момент, но ако често се повторуваат, тогаш може да дојде и до прекин на врската. Доколку сакате да ги избегнете овие пречки, најпрво треба да ги препознаете. Еве ги 5те најчести грешки кои се случуваат во една врска... 1 грешка - информацијата е пропуштена Начинот на кој паровите меѓусебно разговараат е различен од оној со пријателите. Тие ги изоставуваат клучните информации бидејќи толку се навикнале да бидат заедно што размислуваат како еден ентитет или мислат дека нивниот дечко или девојка ќе го разберат и она што не е искажано. А тогаш, кога тоа нема да се случи, чувствата се повредени, односно еден од партнерот се чувствува изигнориран..
Кога се работи за важни нешта, бидете отворени, пренесувајќи ги целосните информациии на својот партнер.
2 грешка - неускладен тајминг Се што е потребно жената да знае, е дека невозможно е да дискутираш со мажот кога тој е пред телевизор. Според психологот и автор на книгата "Lost in Translation" , мажите не се способни ментално да вршат неколку работи оддеднаш. Тој додава дека на мажите им е непријатно да водат важни разговори, и тие ги започнуваат тогаш кога партнерката е пеокупирана со други нешта. Бирајќи погрешно време за разговор, тој разговор ќе се заврши погрешно. За да се избегне ова, можеби е најдобро да изберете правилен начин да го искажете она за кое сакате да разговарате, а партнерот да одлучи дали е тоа нешто кое може да причека или не. Ако тоа го правите доволно често, ќе увидите дека и партнерот, по извесен период, ќе почне да го применува тој начин на комуникација.
3 грешка - приказната се растегнува Во настојувањето да се ублажи некоја ситуација, жените најчесто користат вовед во приказната, дури и во ситуации кога се во прашање небитни работи. Од друга страна, тоа кај мажите е сигнал да се постават во дефанзивна позиција и спремни се да се борат со партнерката. Наместо ова, користете некој друг (поопуштен) пристап, и прејдете на главното за поверојатно да добиете позитивен одговор.
4 грешка - претварање во монолог Според Stivens, мажите не перцепираат детали, односно тие грижливо ќе ве слушаат 3 минути, а кога вашите описи ќе продолжат подолго од тоа, сте го "изгубиле во преводот"... Постојат два начини како да се изборите со овој проблем. Додека разговарате, вклучете го во разговорот поставувајќи му прашања, на тој начин ќе биде принуден да биде присутен цело време. Исто така, доколку му ја допрете ногата или раката, физички ќе бидете поврзани со него.
5 грешка - искреност без граници Искреноста, генерално е убава навика, но во одредени ситуации е преценета. Паровите најчесто прават грешка кога настојуваат да дознаат се еден за друг и да немаат тајни. Некогаш е подобро да не се отркиваат некои работи кои немаат конструктивна цел и кои ќе нанесат повеќе штета отколку корист. |