|
Вежбањето штити од рак |
|
|
|
[01-06-2006 | 00:28 часот] |
Австралиските научници утврдиле дека заштитниот ефект на вежбањето во поглед развојот на ракот, се базира на делувањето на протеинот наречен ИГФБП-3. ИГФБП-3 го оневозможува делувањето на друг протеин наречен ИГФ-1 и на тој начин го блокира...
... растежот на клетките и го индуцира нивното изумирање. ИГФ-1 го стимулира растежот на клетките, оневозможувајќи го нивното изумирање и ја поттикнува ангиогенезата, процес на настанување на крвните вени нужни за растеж на туморот. Во истражувањето се користени податоци собрани од 41.258 испитаници, при што се покажало дека кај физички активните луѓе зголеменото ниво на ИГФБП-3 било поврзано со 48 процентното намалување на бројот на смртните случаи поврзани со ракот. |