Оној кој збори и вози - касни Печати Е-меил
[03-01-2008 | 22:22 часот]
 Американските истражувачи дојдоа до сознанието дека возачите кои го користат мобилниот телефон во текот на возењето - каснат. "Возачите во...

... градскитe средини најчесто ја следат и се прилагодуваат на брзината на автомобилите околу себе.

Кога возачот разговара на мобилен телефон, не може да се сконцентрира на сообраќајот, поспоро реагира и неретко ја заборава насоката во која патува.

Ваквото однесување на возачите, ги блокира и успорува и другите учесници во сообраќајот" - изјави еден од професорите на универзитетот во Utah.

Поради наведените причини вклучително и безбедносните, многу земји во светот преземаат законски мерки за забрана за користење на мобилните телефони во текот на возењето.