Холивуд со рекордна заработка во '07 Печати Е-меил
[05-01-2008 | 22:14 часот]
 Холивуд ја заклучи изминатата година со рекордна заработка на кино благајните од неполни десет милијарди долари. Салдото беше за пет проценти повеќе од...

... претходната 2006 година, и четири отсто повеќе од претходниот рекордер - 2002 година.

Домашните љубители на филмот минатата година на кино билети потрошиле просечно по 6,82 долари, четири проценти повеќе од претходната година.

Половина од 10-те најуспешни филмови беа продолженија на успешните серијали како што се Спајдермен, Пирати од Карибите и Хари Потер.

Минатата година е соборен уште еден рекорд - сите шест најголеми филмски студија, поединечно заработиле повеќе од милијарда долари.

Прв на списокот е Paramount со заработувачка од 1,49 милијарди долари, што е за 55 проценти повеќе од 2006 година.

Следи Warner Bros со 1,42 милијарди, потоа Disney со 1,36 милијарди, Sony со 1,24 милијарди, Universal со 1,1 милијарди и Fox со заработувачка од 1,01 милијарди долари.