По се изгледа се ближи првото издание на "Златниот Глобус" каде номинираните звезди нема да учествуваат, а како последица на тоа, ќе нема на кого да се доделат...
... наградите! Здружението на филмските актери го најави бојкотот на доделувањето на наградите "Golden Globe", со цел да го поддржи штрајкот на холивудските сценаристи. 70-тина глумци кои се номинирани за наградите, вечерта на 13-ти јануари, нема да присуствуваат на церемонијата и ќе се приклучат на штрајкот на сценаристите кои штрајкуваат од 5-ти ноември. Претседателот на здружението на глумците - Alan Rosenberg, едногласниот договор за бојкот го нарече "единствено искажување на солидарноста за штрајкувачите на здружението на американските сценаристи - WGA". Штрајкот на сценаристите е најголемиот спор во Hollywood во последните 20 години, а се проценува дека штетата е повеќе од 20 милиони долари на ден. За Златен Глобус, меѓу другите номинирани се и Cate Blanchett, Angelina Jolie, Keira Knightley, George Clooney, Daniel Day-Lewis, Denzel Washington, Johnny Depp и Tom Hanks. Од повеќето од нив, веќе е потврдено бојкотирањето на "Golden Globe".  |