Возилата без возачи на улиците ќе бидат реалност во текот на наредните 10 години, најавуваат од General Motors. Поголемиот дел од технологијата за нивната...
...изработка веќе постои, а појавата на ваквите автомобили би го намалило сообраќајниот метеж, несреќите, а воедно ќе го подобри и одвивањето на целиот сообраќај.
"Тоа не е научна фантастика, набрзо ќе бидат промовирани прототипите на ваквите автомобили кои сами ќе се управуваат и паркираат" - изјави потпретседателот на GM, Rich Wagoner.
Одлагањето на изработката на овие возила за комерцијална употреба, може да се случи не поради технологијата, туку поради човечкиот фактор - владините одредби, правила, но и поради страста на возачите за поседување и управување со автомобилите.
Технологијата која ја ветува иднината на овие автомобили, веќе е вградена и во модерните автомобили, а станува збор за радари, навигациски системи, сензори, сателитско насочување и дигитални мапи.
Претставниците на General Motors сметаат дека појавата на овие возила, драматично ќе го измени, односно подобри сообраќајот, а ќе ги намали сообраќајните несреќи и метежот.