|
Насилството на ТВ ни носи мир |
|
|
|
[08-01-2008 | 23:53 часот] |
Две студии од САД покажуваат дека насилните филмови како "Hannibal" или "Halloween" всушност го намалуваат криминалот, и градските средини ги...
... прават помирно место за живење, објави "NY Times". Истражувањата покажуваат дека филмовите кои се преполни со агресија, ја намалуваат стапката на криминал бидејќи ги привлекуваат потенцијалните насилници и ги држат приковани покрај малите екрани со што ја задоволуваат нивната "потреба за насилство и криминал". Потенцијалните криминалци, на тој начин се држат понастрана од јавни места каде што има голем број на луѓе, не талкаат по мрачни улици барајќи ги своите жртви, туку седат пред телевизорот и уживаат во филмот во кој негативците ги прават злосторствата наместо нив. Доколку се забрани прикажувањето на филмовите кои изобилуваат со насилство, можно е да се зголеми стапката на криминалот, сметаат експертите. "Во последните 10 години, прикажувањето на филмови во кои има насилство, само во САД го намали бројот на нападите за дури 52.000 годишно" - тврдат професорите Dahl и Stefano Della Vigna кои го спроведоа ова истражување. |