Промоција на најголемиот ТВ на светот Печати Е-меил
[09-01-2008 | 22:21 часот]
 На "Consumer Electronics Show" кој моментално се одржува во Las Vegas, Panasonic го представи најголемиот плазма телевизор на светот со големина од...

...неверојатни 150 инчи, или поточно 3,8 метри.

На овој престижен саем за електроника, Toshihiro Sakamoto - претседателот на Panasonic AVC Networks, лично и го представи на јавноста овој огромен екран со резолуција од дури 4096 x 2160 пиксели.

Овој мега телевизор, ќе биде достапен на пазарот во 2009. а цената сеуште не е позната.