|
Хомосексуалците - лоши возачи |
|
|
|
[09-01-2008 | 22:39 часот] |
Британските научници утврдиле дека жените и хомосексуалците во новите ситуации во сообраќајот не се снаоѓаат баш најдобро. Не им оди добро ниту навигацијата, ниту...
... просторната ориентација. Научниците сметаат дека тоа е поради тоа што се потпираат на помнење на околината, па кога ќе се најдат во непозната ситуација побавно реагираат од мажите. "Мажите користат сосема друг начин на ориентација. Имаат подобро чувство за правец, но исто така, и за читање на патоказите. На жените им треба многу повеќе време да дојдат до одредена непозната дестинација, прават повеќе грешки, погрешно вртат, грешат при вртењето и слично. Ним им требаат повеќе познати знаци и околина. Кај геј популацијата пак постои мешавина на двата начини на реагирање. Тие делумно го користат женскиот начин на размислување, а делумно машкиот", објаснуваат научниците. |