Најефтиниот автомобил на светот Печати Е-меил
[10-01-2008 | 23:54 часот]
 Индиската компанија "Tata Motors" вчера го претстави најевтиниот автомобил во светот, на саемот за автомобили кој се одржа во New Delhi. Моделот е наречен Tata Nano, а...

 

... неговата цена изнесува 2.500 долари, или 1700 евра!

Автомобилот има четири врати, целосно алуминиумски мотор со моќност од 33 коњски сили и два цилиндри со зафатнина од 623cc.

Претставениот модел нема вградено клима или автоматско отварање на прозорите, но за оние кои ќе ги сакаат ваквите перформанси на автомобилот, тој ќе биде достапен во два deluxe модели.

Tata Nano на пазарот ќе биде достапен во втората половина од оваа година, а претставникот на компанијата - Ratan Tata, изјави дека очекуваат Nano да направи пресврт во историјата на сообраќајот.

Автомобилот е сигурен и достапен за секого, прилагодлив за сите временски услови, и што е најважно, е направен да ги задоволи најновите стандарди за издувни гасови.