|
Новиот Bugatti - побрз, и поскап |
|
|
|
[14-01-2008 | 23:35 часот] |
Во јавноста излегоа информациите дека Bugatti го спрема автомобилот кој ќе биде не само поскап, туку побрз и посилен од нивниот досегашен "супер автомобил"..
Новиот модел на Bugatti ќе има дури 1.175 KS (наместо сегашните 1001 KS), а брзината што ќе може да ја достигне ќе биде поголема од 400 km/h. Германскиот "Auto Motor und Sport" најавува дека автомобилот повеќе ќе потсетува на болид, отколку на луксузен GT. Проектот под името "Proјeсt Lydia", кој е наречен според името на сопругата на Veyron Bugatti, допрва треба да добие зелено светло, а цената според најавите ќе изнесува повеќе од 2.5 милиони евра. |