|
Шефиците не треба да се секси! |
|
|
|
[02-06-2006 | 00:46 часот] |
Кога истражувачите ја претставиле жената како рецепционерка, волонтерите процениле дека таа е способна работничка без оглед на облеката. Но, кога рекле дека е менаџерка, таа е лошо проценета во секси облеката што се однесува до способноста...
Американските научници утврдиле дека доверливи се само сексипилните жени на помалку платени работни места. Петер Глик и неговиот тим од Висконсин на студентите им прикажале видео снимки од мажи и жени. На секоја од видео снимките иста жена била облечена конзервативно (палто, панталони и малку шминка) или провокативно (кусо здолниште, кратка кошула и многу шминка). Заклучокот на истражувачкиот тим бил дека луѓето ги поврзуваат одговорните работи со стереотипите на мажите, што значи дека премногу женствениот изглед е непристоен. |