Ракувањето е позаразно од бакнеж Печати Е-меил
[14-01-2008 | 23:41 часот]
 Со бакнувањето во образ се пренесуваат помалку бактерии отколку со ракувањето, покажа новото истражување спроведено во Лондон. Луѓето кои имаат навика да се...

... ракуваат, полесно можат да си ги пренесат бактериите кои што се наоѓаат на дланките, а кои се причина за најразлични болести, како на пример грип или вироза.

Рацете се критично подрачје за развој на различни инфекции кои површински можат многу лесно да се пренесат и на други луѓе.

"Ракувањето е главен физички контакт помеѓу луѓето што го носи најголемиот ризик, бидејќи никогаш не знаете што другата личност фаќала со рацете, пред да се поздрави со вас", изјави докторката Sally Bloomfield од Лондонскиот институт за хигиена.

Во случај на страв од заразувања, нема смисла да го избегнувате бакнувањето во образ, кога тоа со себе носи помалку ризици отколку ракувањето - изјавија експертите.