|
Заблуди за јадењето по 18 часот |
|
|
|
[14-01-2008 | 23:53 часот] |
Многумина веруваат дека конзумирањето на храна по 18 или 19 часот е штетно, но вистина е дека времето на јадење во поголемиот број случаи нема многу врска...
... со губењето на тежина. Секој човек би требал начинот на живот и навиките да ги согласи со режимот ден-ноќ, но правила постојат и за повремено да се кршат. Клучот за исхраната не е секогаш во добата од денот, туку во чувството на глад, па ако понекогаш се почувствувате гладни, не дозволувајте да се вртите будни во креветот и да го слушате кркорењето на вашите црева. Изедете мал, нискокалоричен и здрав оброк. Долготрајното ускратување на храна не води кон ефикасно слабеење, туку кон забавување на метаболизмот и зголемување на желбата за поголеми оброци, што дава сосема поинаков резултат од посакуваниот. На крајот се се сведува на сразмерот на внесените и потрошените калории, без оглед дали сте ги внеле во 17 или 20 часот. [vecer.com.mk] |