Со новото откритие, донел и сифилис Печати Е-меил
[15-01-2008 | 23:12 часот]
 Новата анализа на генетскиот склоп на сифилисот, ја поддржа теоријата дека во Европа сифилисот го донел Christopher Columbo откако се вратил од Новиот Свет...

Според новата студија сифилисот не се ширел преку сексуални односи пред да "пристигне" во Европа, што го покажува фактот дека вирусот со текот на времето мутирал.

Иако денеска сифилисот успешно се лечи со антибиотици, некогаш оваа болест носела со себе илјадници животи. Дури и денес, научниците не можат да најдат лек кој во целост ќе го искорени сифилисот.

Новата анализа и студија ја потврдуваат контраверзната теорија дека Columbo со своите морнари го донеле сифилисот во Европа, бидејќи епидемијата на сифилисот настанала само три години по враќањето на Christopher Columbo од Новиот Свет.

Научниците ги анализираат гените на сифилисот и сеуште се обидуваат да ја објаснат неговата еволуција, а воедно и неговото искоренување.