|
Услуга за следење на мобилни |
|
|
|
[15-01-2008 | 23:55 часот] |
За сите сопружници кои се сомневаат во верноста на својот партнер, или доколку имаат било каква недоверба кон детето, новата услуга "Follow Me Follow U"...
... ќе им помогне во решавањето на сите проблеми. Операторот Three од Hong Kong кој е дел од Hutchinson Telecom им овозможува на корисниците да знаат каде им е партнерот или пријателот во секое време, за само 28$ месечно. Иако експертите сметаат дека услугата "Follow Me Follow U" ќе биде злоупотребена од посесивното однесување на луѓето, многумина упатуваат на фактот што оваа услуга може да биде многу корисна. Во можност сте да ја зголемите безбедноста врз децата и постарите луѓе кои се во касната животна доба, и кои неретко можат да се изгубат или да го заборават патот до дома. Слични на овие услуги базирани врз GPS позиционирање, функционираат и во повеќе западно европски земји. Инфо за услугата на официјалниот сајт на Three, овде ! |