|
Наместо на доктор, се лечат на нет |
|
|
|
[16-01-2008 | 00:50 часот] |
Анкетата спроведена од UKTV Style покажа дека 38% од Британците наместо на лекар, сами си бараат дијагноза на интернет. Главната причина за замената...
... на докторот со интернет се "незгодните" болести, како на пример сексуалните заболувања. Засраменоста од своето заболување е најголемата пречка при дијагностицирањето, односно избегнување на истото. 48% проценти од 2000 испитаници изјавиле дека чуствуваат срам во таква состојба да бидат прегледани од доктор. И покрај негативностите од реалната замена на докторот, сепак корисно е тоа што населението се повеќе се информира. Се е во ред пациентите да се информираат на интернет, меѓутоа дијагнозата во даден проблем сепак треба да ја направи доктор - изјави презентерот Amanda Hamilton. |