За 5мил. евра - Мадона во Будва Печати Е-меил
[16-01-2008 | 01:08 часот]
 Во Будва, после ланскиот настап на Rolling Stones, за оваа година се спремни да ја донесат Мадона! Од општината на овој туристички град изјавија дека веќе...

... издвоиле 5 милиони евра за да го платат настапот на оваа мега ѕвезда.

Тие наведуваат дека единствена тешкотија со која се соочуваат е фактот дали Мадона годинава, кога го прославува 50-тиот роденден, ќе има турнеја или не.

- "Ние се ќе направиме да ја донесеме Мадона во Будва. Парите за нејзиниот настап во поголем дел ќе бидат обезбедени од спонзори, како и во случајот на "The Rolling Stones".

За Мадона се одлучивме поради нејзината турнеја "Confessions" која се покажа како прав успех.

Доколку Мадона годинава одлучи да тргне на турнеја, Будва ќе направи се за да биде една од дестинациите, изјави претставник на Општината."

Плажата "Јаз" на која лани свиреа Стоунсите, повторно е планираниот простор за одржувањето на најавениот мега концерт.