Претставен најтенкиот лаптоп Печати Е-меил
[16-01-2008 | 23:05 часот]
 Steve Jobs пред два дена на годишното собирање на "Apple" во San Franciscо го претстави најтенкиот лаптоп на светот - новиот MacBook Air, со дебелина од...

... неверојатни 1,93 сантиметри.

Лаптопот нема CD ниту CD DVD player, со цел да се заштеди на простор, а батеријата има автономија од 5 часа.

Тој во продажба ќе биде пуштен за две недели, по цена од 1.799 долари за почетната верзија. Во цената е вклучен стандарден хард диск од 80 GB, а ќе може да се вгради и додатен хард диск од 64 GB.

Apple со производителот на чипови - Intel, ја произведе најмалата верзија на неговиот Core2Duo процесор за овој лаптоп.

Лаптопот тежи само 1.36кг, и има екран од 13,3 инчи со вградена iSight веб камера.

Останатите спецификации и перформанси за новиот MacBook Air, на официјалната страница на Apple овде !