|
Со голотија - против Fashion Week |
|
|
|
[16-01-2008 | 23:22 часот] |
Модната недела во Hong Kong започна со протести. Членови на организацијата PETA која се бори за правата на животните, протестрираа против употребата на...
... кожа и животинско крзно. Протестите се одржаа пред Конвенцискиот центар и изложбениот центар во кои се одржува модната недела. Составен дел на модниот свет стануваат контраверзиите и протестите. Само за потсетување, во Милано минатата есен градот беше преплавен со плакати од анорексична девојка , со што требаше на светот да му биде потенцирана штетноста од претераното "манекенско" слабеење. "Hong Kong Fashion Week" трае од 14 до 17 јануари, а во овие три дена се претставуваат многубројни колекции, модни додатоци и накит. 
 |