Витаминот Ц неопходен за пушачите Печати Е-меил
[03-06-2006 | 15:11 часот]
 Пушачите кои неможат да се откажат од својот порок, би требало да конзумираат што повеќе витамин Ц. Дневната доза од 1000 милиграми витамин Ц, помага при одржувањето на здравото ниво на витаминот Е во организмот, затоа што овие витамини делуваат...

... еден на друг т.е се зависни. Витаминот E е една од првите линии за одбрана на плуќата од штетното влијание на димот од цигарите. Овој витамин е заштитен антиоксиданс, но димот од цигари може да го претвори во штетна супстанца за организмот.

Сепак, со редовно конзумирање на витамин Ц, витаминот Е и понатаму успева да ја обавува својата корисна функција.Научниците од институтот "Linus Pauling" кои дошле до ова откритие сметаат дека тоа ќе им помогне на сите, а особено на пушачите.

Сепак запамтете, витамините многу подобро делуваат како превентива, одколку како лек против веќе постоечка болест.