Све, само латопот не! Печати Е-меил
[20-01-2008 | 23:42 часот]
 Дури една третина од европјаните попрво би се откажале од многу задоволства отколку од својот лаптоп, покажа истражувањето кое го спроведе "Intel". Цел на ова...

... истражување кое опфати 9 европски земји, било да се отврди колку се сопствениците "врзани" за своите лаптоп-и, и што кај нив најмногу им смета.

Резултатот е дека скоро сите од 2700 испитаници како најголем недостаток го сметаат краткото траење на батеријата.

"Корисниците најмногу мразат кога после час или два работа на лаптоп-от, ќе им снема батерија" - изјави Jirgen Verner, извршен директор на "Intel" во Германија.

Истражувањето покажа дека просечниот лаптоп треба да се полни после два ипол часа работа, и дека две третини од Европјаните, го носат својот лаптоп при патувања.

Во овој проект најмногу изненади тоа - што све се спремни корисниците да жртвуваат за да го задржат својот лаптоп. Некои попрво би переле садови на рака, а други пак би се откажале од чоколадото и слатките... само да им остане лаптоп-от.

Продажбата на преносни компјутери во Европа, Блискиот Исток и Африка, во третиот квартал минатата година за прв пат во историјата ја надмина продажбата на декстоп персоналните компјутери.