|
Бисексуалноста не е минлива |
|
|
|
[20-01-2008 | 23:50 часот] |
Според резулататите од најновата студија за сексуалноста - бисексуалноста кај жените не е само минлива фаза која води до хомосексуалност, туку конечна...
... сексуална ориентација. На Универзитетот "Utah" биле спроведени истражувања во времетраење од неколку години, а за оваа потреба, бил следен сексуалниот развој на 80 жени кои не се хетеросексуални. "Ова е прво истражување кое е спроведено во период од неколку години, а беше следен начинот на живот на жените кои имаат бисексуална ориентација" изјави Lisa Diamond, водич на истражувањето. Експертите утврдија дека бисексуалноста кај жените не е минлива фаза или транзициски период кој води до хомосексуалност, туку дека се работи за градење на идентитет кој само се зајакнува, но не се менува. "Жените ќе ги променат своите партнери, но никако својата сексуална ориентација" - заклучува Diamond. |