|
Почна снимањето на следниот 007 |
|
|
|
[21-01-2008 | 22:38 часот] |
22. филмско издание на популарниот агент 007, во чија улога по втор пат се најде британецот Daniel Craig, започна да се снима на 3 јануари во Лондон. Како што изјавија...
... продуцентите, на пролет екипата се сели во Bregenz (Австрија), на брегот на езерото Constance. Австриската продуцентска компанија Unicorn Media објави оглас во кој регрутира 1500 статисти, кои ќе треба да се појават во опера сцените на пловечкиот театар. Статистите најмени за овие препознатливи "James Bond" гламурозни сцени, ќе бидат платени по 60 евра на ден, објави Leonhard Gmur, претставник на компанијата. Во ова продолжение агентот 007 ќе се соочи со непријател кој ќе го глуми францускиот актер Mathieu Amalric, кој освои победнички критики за глумата во "The Diving Bell" и "Butterfly". 22-то филмско продолжение на серијалот James Bond сеуште нема службен наслов, но сепак неговата премиера е веќе закажана - датумот е 7 ноември 2008.  |