Dita Von Teese вчера ја објави својата соработка со "Wonderbra" за лимитираната колекција на долна облека која самата ќе ја креира, а е именувана...
... како "Wonderbra by Dita Von Teese".
"Во текот на целиот мој живот сум импресионирана од убавата долна облека, што ми претставува еден вид пасија. Соработката со Wonderbra за мене е една привилегија и премногу сум горда на мојата колекција" - изјави Dita.
Маркетинг директорот на Wonderbra - Debbie Rix, кажа дека Dita е вистинската жена која знае како да напрaви жените да се чувствуваат секси. И дека таа природно му одговара на брендот "Wonderbra""
"Навистина се надевам дека со оваа колекција ќе успеам да ја споделам својата страст за сензуалноста, и дека оваа долна облека ќе додаде гламурозна нота во животот на многу жени" - истакна Dita Von Teese на вчерашната прес конференција.
Колекцијата "Wonderbra by Dita Von Teese" ќе биде промовирана годинава во септември.