LRX - нов концепт на Land Rover Печати Е-меил
[22-01-2008 | 00:09 часот]
 На авто саемот во Детроит, Land Rover го претстави својот компактен концепт со ознака LRX. Овој мал копактен џип со димензии помали од Freelander е...

... првенствено наменет за помладите купувачи.

Има агресивен дизајн, кабина со 2+2 седења, две врати, лизгачки кров, и алу фелни од 20 инчи.

Со малите димензии доаѓа и помал мотор, во случајов се работи за хибриден супер еколошки турбо дизел со зафатнина од два литри.

Со овој нов дизајн и технолошките достигнувања, Land Rover се припрема годинава да ја прослави 60 годишнината од своето постоење.