Малите навики на среќните луѓе Печати Е-меил
[22-01-2008 | 22:27 часот]
 Среќните луѓе најчесто се занимаваат со работи кои го активираат мозокот, без притоа да го преморат. "Баналните" активности како што се готвењето или...

... можеби средувањето на фотографиите и албумите од детството, се добар начин да го "врзете" својот мозок со позитивни мисли.

Сите среќни луѓе се оптимисти. Оптимизмот сам по себе е вештина која се учи. Додека песимистите постојано се жалат, оптимистите се фокусираат на решавањето на проблемите.

И смеењето претставува инстант фитнес во секое време и место. Ако се смеете, вашиот мозок автоматски ќе доловува дека сте среќни, а самите емоции се мешавина на внатрешните чувства и физичкиот одговор.

Затоа обидете се секоја негативна мисла да ја претворите во позитивна. Негативните мисли го трујат организмот и предизвикуваат промени во мозокот кои можат да бидат причина за депресија.