|
Samsung претстави клон на iPhone |
|
|
|
[23-01-2008 | 00:24 часот] |
Samsung пред неколку дена официјално го промовираше нивниот нов (како што многу го нарекуваат - клон на Iphone) модел SGH-F490. Телефонот е опремен со голем...
... со голем 3.2 инчен тачскрин монитор, и не поседува механичка тастатура. Мониторот е оптимизиран под свртување од 90 степени реално да прикажува widescreen видео содржини. За разлика од Iphone, Samsung-от е 3G телефон, и има 5 мегапиксели камера. За мултимедијалните содржини на располагање се 130MB вградена меморија, и дополнителен microSD слот. Димензиите се практично исти како кај Iphone, а тежината е 102 грама. Телефонот ќе биде опремен со Croix UI корисничкиот интерфејс кој ја освои наградата iF Communication Design Award 2007. Најавената цена на овој телефон кој во продажба ќе се најде деновиве, односно кон крајот на јануари, е 500евра  |