Дебелите луѓе се супер друштвени Печати Е-меил
[23-01-2008 | 22:27 часот]
 Друштвените луѓе најчесто имаат поголема тежина, а оние пак кој се слаби најчесто се некомуникативни и ги мачат многу грижи - објавија јапонските...

... научници кои го истражувале односот помеѓу карактерот на личноста и телесната тежина.

Повеќе од 30.000 луѓе со различна висина и тежина, решавале тест за личноста и карактерот.

Резултатите покажале дека друштвените луѓе најчесто имаат индекс на телесната маса повисок од 25 (BMI), што е општо прифатена дефиниција за гојазност - објаснува предводникот на студијата, Masako Kakizaki.

Откако биле споредени другите фактори, се востановило дека во просек мажите кои се комуникативни се подебели во однос на оние кои се затворени кон средината.

Комуникативните жени имаат 1.53 пати повеќе шанси да бидат дебели, отколку жените кои се некомуникативни.

Луѓето кои најчесто се чувствуваат загрижено, најчесто се преслаби и неухранети, а индексот на телесната маса им е помал од 18.5, покажа студијата.

"Овие резултати можат да го дадат клучот за создавање на делотворни мерки за спречување на прекумерната тежина или неухранетоста", заклучија научниците кои го спроведоа истражувањето.