Како и хетеро паровите, и хомосексуалните партнери се еднакво посветени еден на друг, а можноста за реализирање на нивниот однос т.е...
.. стапувањето во брак, не влијае на среќата и љубовта помеѓу хомосексуалните партнери. - покажа најновата студија. Во две различни студии во кои биле користени различни параметри и методи на испитување, експертите го споредувале љубовниот однос помеѓу хомосексуалните и хетеросексуалните парови. Во текот на истражувањето експертите наишле на неколку разлики во тие односи. "Кога се обидовме да ја определиме посветеноста на партнерите, утврдивме дека нема некои посебни разлики помеѓу хомосексуалните и хетеросексуалните врски. Сепак, постои една важна разлика - хомосексуалните парови се поспособни да ги решаваат своите конфликти" - изјави Glenn Roisman од универзитетот "Illinois", кој го предводел истражувањето. Професорот Glenn и неговите колеги го истражувале однесувањето на 60 хомосексуални и 50 хетеросексуални парови. Резултатите покажуваат дека посветеноста расте во согласност со степенот на кој се наоѓа врската и љубовта, а значаен податок е фактот што хомо паровите се помалку склони кон расправии и многу полесно ги решаваат своите конфликти. |